Италијанскиот астронаут Лука Пармитано, кој е на мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС), денеска ќе се покаже како ди-џеј и ќе пушта електро-денс музика од Земјината Орбита

Музиката ќе се емитува на брод за крстарење близу островот Ибица. Пармитано, инаку, е и професионален ди-џеј. Настапот ќе трае 15, 20 минути, а на бродот ќе има 3.000 луѓе.

– Тоа ќе биде светска премиера, прва од ваков вид, прокоментира францускиот астронаут Жан-Франсоа Клервоа, кој ќе присуствува на забава.

Емет Флечер, претставник на Европската вселенска агенција изјави дека целта е да се приближи Вселената кон обичниот човек.

Лука Пармитано (42) отпатува кон МВС на 20 јули на платформата на вселенскиот брод „Сојуз” и неговата мисија ќе трае шест месеци. Тој веќе еднаш бил на орбиталната станица 2013 година. Потоа одел на обука по диџејство, а ментор му бил германскиот ди-џеј Ле Шук.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 11:59