Фосили од пингвин со големина на возрасен човек, беа откриени на Јужниот Остров на Нов Зеланд, соопштиja од музејот Кантербери во Крајстчрч.

Праисториската морска птица наречена „crossvallia waiparensis” била висока околу 1,60 метри и тешка околу 80 килограми – за 40 сантиметри повисока и четирипати потешка од царскиот пингвин, најголемиот и најтежок од родот пингвини кои живеат на Антарктикот.

Џиновскиот пингвин живеел во епохата на палеоценот, пред 56 до 66 милиони години.

Палеонтолозите минатата седмица соопштија и дека на Нов Зеланд пронашле остатоци од папагалот Херакле – висок еден метар, којшто живеел пред 19 милиони години.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 13:12