Пакистанскиот премиер, Имран Кан, денеска ја предупреди Индија дека неговата земја е подготвена да одговори на секоја агресија во спорниот регион Кашмир, подвлекувајќи дека можеби е дојден моментот во кој Исламабад ќе му оддржи лекција на Њу Делхи, пренесоа француските медиуми.

-Пакистанската армија има информации дека планираат да направат нешто во Кашмир. Тие се подготвени и ќе дадат солиден одговор, изјави Кан за време на говорот во Музафарабад, главниот град на пакистанскиот дел од Кашмир.

„Одлучивме дека доколку Индија изврши некаков вид прекршување, ние ќе се бориме до крајот“, подвлече пакистанскиот премиер.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 14:49