Украинската автокефална православна црква (УАОЦ) и официјално престана да постои и се припои кон новата Православна црква на Украина (ОКЦ), се наведува во соопштението што денеска го објави украинскиот парламентарен весник „Гласот на Украина“.
Верската организација Украинска автокефална правослвна црква престана да постои на 29 јули 2019 година преку извршената реорганизација, односно со спојување со верската органзиација Православна црква на Украина, се наведува во соопштението, пренесено од Тасс.
Заради распуштањето на УАОЦ отповикани се сите налози на власта кои беа издадени во нејзино име пред 29 јули.