Кремљ денеска соопшти дека постоењето на Светската трговска организација (СТО) сериозно ќе биде доведено во прашање доколку ја напуштат големите светски економии, на САД, на пример, како што вчера навести американскиот претседател Доналд Трамп.

Коментарот на Кремљ доаѓа по информациите од американските медиуми дека Трамп вчера се заканил со повлекувањето на САД од СТО заради, како што кажа, непочитување на третманот на неговата земја од страна на оваа организација.

-Очигледно е дека постоењето на некои клучни меѓународни економски организации, како што е СТО, може сериозно да биде доведено во прашање по напуштањето на нејголемите економии во светот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на телеконференциска врска со новинарите, пренесоа британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 15:18