Најмалку 10 лица денеска загинаа во нападот на милитантната група ал-Шабаб врз сомалиска армиска база во близина на главниот град Могадишу, соопшти армијата, пренесе ДПА.

-Двајца војници и вработен во армиска радиостаница загинаа во нападот, како и седуммина милитанти, изјави за ДПА високиот офицер на армијата Ахмед Гухад.

„Вооружените милитанти ја нападнаа базата од различни правци, по двојниот самоубиствен напад со автомобил бомба во селото Авџегле, на 70 километри јужно од Могадишу“, додаде тој.

-Загубивме двајца војници и еден фотограф кој работеше за сомалиското армиско радио, рече Гухад за ДПА. „Но, ние ги поразивме милитантите“.

Групата Ал-Шабаб на своето радио Андалус излезе со тврдење дека во нападот биле убиени 10 сомалиски војници.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 15:40