Американското Министерство за правда побара ирански танкер да биде задржан откако Гибралтар се откажа од случајот против екипажот на товарниот брод Грејс 1, запленет во јули крај Гибралтар под сомнение дека превезувал нафта во Сирија.

„Министерството за правда на САД поднесе барање за заплена на танкерот врз основа на бројни обвинувања, што сега се разгледуваат. Случајот ќе се врати во Врховниот суд во Гибралтар во 16 часот“, се вели во соопштението на владата.

Иранскиот нафтен танкер запленет од британските маринци надвор од брегот на Гибралтар на 4 јули под сомнение за кршење на санкциите на Европската унија (ЕУ) за транспорт на сурова нафта во рафинеријата на сириската Баниас требаше да биде пуштен за неколку часа откако Гибралтар се откажа од судска постапка.

Врховниот судија Ентони Дадли јасно стави до знаење дека ирански брод би испловил доколку немаше барање од САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2019 12:54