Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Израел ќе покаже „голема слабост“ доколку им доволи на американските конгресменки Рашида Тлаиб и Илхан Омар да ја посетата светата земја, јави ДПА.

„Тие го мразат Изарел и еврејскиот народ, и тука нема што да се каже или направи за да се сменат нивните ставови“ напиша Трамп на својот налог на Твитер.

Нарекувајќи ги двете членки на американскиот Конгрес од Демократската партија „недраги“, Трамп напиша дека на нивните матични држави, Мичиген и Минесота, „ќе им треба многу време да ги вратат на работа во канцелариите“.

ДПА наведува дека двете конгресменки, кои Трамп повеќе пати ги има јавно критукувано, планираат да ги посетат окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2019 22:01