Европската централна банка (ЕЦБ) затвори денеска една од своите веб страници откако беше хакирана и заразена со вирус.

ЕЦБ соопшти дека доверливите податоци не се загрозени, но можеби се украдени електронски пошти и имиња на претплатниците на билтенот на Банката „Интегриран речник за известување на банките“ (БИРД).

БИРД е еден од сајтовите кои ги користи централната банка за да им помогне на финансиските институции да ги исполнат стандардите за известување, утврдени од светските регулатори.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2019 22:20