Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез постигна договор за трансфер во Интер, соопшти „Скај Италија“. Чилеанецот ги прецизирал своите лични услови со „нероазурите“ и е ентузијастичен за заминување во насока „Меаца“, каде ќе има шанса да работи со Антонио Конте.

Фудбалерот се согласил драстично да ја намали платата што ја добива сега на „Олд Трафорд“, само за да се реализира трансферот. Сега неговиот агент Фернандо Феличевич во наредните денови ќе лета за Англија за да ги започне преговорите со Манчестер Јунајтед.

Најверојатно Интер ќе се обиде да го изнајми Санчез за една сезона со опција да го купи следното лето. Клаузулата за откуп ќе стане задолжителна за „нероазурите“, откако ќе одигра одреден број на натпревари.

Тоа ќе биде еден вид на враќање за 30-годишниот Чилеанец во Серија „А“, каде претходно блескаше со екипата на Удинезе. Тој играше за „зебрите“ помеѓу 2007 и 2011 година, пред да се пресели во Барселона, а потоа во Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Покрај тоа, Санчез ќе се собере во Интер со неговиот добар пријател Ромелу Лукаку, кој се придружи на „нероазурите“ пред само неколку дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2019 12:52