Ешли Кол го најави своето пензионирање од фудбалот. За последно, 38-годишен ветеран играше во Дерби Каунти, каде под водство на неговиот поранешен соиграч во Челзи, Френк Лампард забележа вкупно 12 натпревари. Левиот бек сака да биде тренер. Ешли Кол има цели 107 натпревари за Англија, а само пет фудбалери имаат повеќе од него.

– После многу размислување, решив дека е време да ги закачам копачките. Не можам да чекам за следниот чекор во мојата кариера, се надевам дека ќе бидам тренер. Сега минувам курсеви, рече Кол, кој има 702 натпревари и 21 гол во кариера.

Кол е дете на Арсенал и со тимот од Северен Лондон ја освои Премиер лигата (2), ФА Купот (3) и „Комјунити Шилд“ (2) пред да потпише со Челзи, каде се развива во еден од најдобрите леви бекови на своето време и уште еднаш ја освои Премиер лигата, заедно со Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Потоа, дефанзивецот играше за Рома, Л.А. Галакси и на крајот – Дерби.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2019 10:10