Во саботата на 17 август, во Охрид, „Sport Life“го прогласи најдобриот од сите играчи во финалето на Типстер купот од втората пролетна етапа и му ги врачи клучевите од главната награда - „Peugeot 308“. Победник е Игор Ристевски од Скопје кој со вкупно 70.815 бодови во финалето го освои првото место.
„Sport Life“ за своите играчи и лојални членови обезбедува секогаш интересна понуда, со највисоки бонуси. Во моментов имаме над 1.000 игри и можности за добивка,а Типстер купот е традиција која години на назад им дава можност на учесниците да добијат вредни награди. Оваа година доделивме два автомобили Пежо 308 како главна за најдобрите типувачи“, истакнуваат од [link]https://www.sportlife.com.mk/[LText]„Sport Life“[/link].
Втората пролетна етапа траеше вкупно четири месеци, започнувајќи на 1-ви Февруари, па се до 30-ти Мај, со финале од 10-ти до 30-ти јуни. Новата сезона на Типстер купот започнува на 1-ви септември 2019 година, а од „Sport Life“ најавуваат изненадување во однос на главната награда.
ТИПСТЕР КУП е натпревар како дел од програмата за лојалност и рангирање на редовните играчи на „Sport Life“. Со своите веќе уплатени тикети, сеедно дали се погодени или не, играчите, т.е. членовите во Sport Life Клубот се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето.