Француска двојка, во чиј автомобил пронајдени се 40 килограми песок од Сардинија, може да биде осудена на шест години затвор.

Тие тврдат дека песокот сакале да го однесат во својот дом како сувенир и оти не знаеле дека прават прекршок.

Познатиот бел песок од Сардинија се смета за јавно добро и е строго забрането да се зема од Островот.

Француската двојка може да биде осудена од една до шест години затвор поради кражба на имот што е во јавна сопственост.

Трговијата со песок, камчиња и школки во 2017 година е прогласена за незаконска. Тие кои тргуваат со нив најчесто плаќаат парична казна и до 3.000 евра.

Полицијата песокот го открила во петокот во багажникот на автомобилот. Песокот бил во 14 пластични шишиња.

Од Сардинија секоја година исчезнуваа по неколку тони песок. Туристите, првенствено од Европа, но и некои Италијанци го пакуваат песокот во шишиња и потоа го продаваат на онлајн аукции.

Од 1994 година на посетителите им е забранет пристап до познатата розова плажа на островот Будели.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2019 21:06