Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека има значајни разговори со демократите за Законот за оружје.
По средбата со нив тој одби да открие дали поддржал некои од предлозите на демократите за измените на Законот за оружје.
-Имаме многу значајни разговори со демократите и сметам дека републиканците се многу обединети, рече Трамп.
Разговорот меѓу Трамп и демократите следи откако во САД се случија серија масовни убиства, иако неговите помошници по средбата кажаа дека состанокот не бил продуктивен, и покрај кажаното од претседателот, пренесуваат британските медиуми.
Демократите го обвинуваат Трамп дека ја „свртел плочата“, бидејќи неодамна изразил подршка за темелни проверки на поединци при продажбата на оружје.