Познатиот режисер Квентин Тарантино (56) и неговата сопруга Даниела Пик соопштија дека го очекуваат нивното прво дете.

Тарантино и израелската манекенка-пејачка, која е 21 година помлада од него, периодов се на патувања заради промоцијата на неговиот нов филм „Беше еднаш во Холивуд“, кој досега заработи над 180 милиони долари.

Тие се венчаа кон крајот на минатата година, а се запознаа 2009 година, во Ерусалим, на промоција на „Неславни копилиња“, што исто така, е во режија на Тарантино.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2019 10:47