Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се жали на пресудата на судот дека го прекршил американскиот Устав со тоа што блокирал корисници на Твитер кои имаат спротивни ставови од неговите.
Британските медиуми пренесуваат дека Трамп побарал повторно судење изјавувајќи дека оваа одлука е погрешна.
Американскиот претседател на Твитер има 63 милиони следбеници и вообичаено на оваа социјална мрежа ги објавува сите свои одлуки и идеи.