Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека лидерите на Г7 „не можат да молчат“ пред пожарите во шумите на бразилскa Амазонија и ќе повика да се направат сите напори да се запре стихијата.
Таа во видео порака рече дека Германија го поддржува повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да се разговара за пожарите во Амазон на самитот на Г7 што започна денеска во Биариц.
„Емануел Макрон е во право – нашата куќа гори и не можеме да молчиме“, рече Меркел.
Таа додаде дека лидерите се „потресени“ од пожарите што ја пустошат Амазонија и ќе разговараат за тоа како можат да помогнат.