Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги демантираше информациите дека повеќе пати предлагал користење нуклеарни бомби за запирање на урагани.

Оваа веста ја објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на извори кои наводно имале увид во записници од седници на Националниот совет за безбедност.

Трамп овие наводи ги нарекол „смешни“, пренесува Политико.

– Никогаш не сум го рекол тоа. Само уште повеќе лажни вести, напиша Трамп на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 00:12