Стотина компании го преселија својот бизнис од Британија во Холандија или таму основаат фирми, со цел да останат во ЕУ по Брегзит, објави денеска холандска државна агенција.

Слични потези разгледуваат уште 325 компании, кои се загрижени од загубата со пристапот на пазарот на ЕУ по Брегзит, наведува холандската агенција за странски вложувања.

– Континуираната зголемена неизвесност во Велика Британија и поизразената можност за Брегзит без договор им причинуваат на тие компании големи економски главоболки, истакна Јероен Нијланд.

Поради тоа, според него, се повеќе компании се вртат кон Холандија како можна нова база на европскиот пазар. Станува збор за компании во областа на финансии, информациски технологии, медиуми, огласувања и здравство.

Германија, Франција, Белгија и Ирска се главни конкуренти на Холандија за привлекување компании кои го префрлаат својот бизнис по Брегзит.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 00:14