Британската опозициска Лабуристичка партија ќе побара итна расправа за Брегзит следната недела, објави партијата.
Ова го потврди портпаролот на партијата, Бери Гардинер, објавувајќи дел од планови на партијата да донесе закон за блокирање на излез од ЕУ без договор.
– В понеделник ќе понесеме предлог во обид да закажеме итна дебата, рече Гардинер.
Одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира Парламентот предизвика бурни реакции од пратеници и противници на брегзит без договор со Европската унија.