„Епл“ испрати покани до редакциите на американските медиуми за главниот настан на технолошкиот гигант годинава – презентација на новиот Ајфон и другите мобилни гаџети на компанијата.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, демонстрацијата на новиот Ајфон 11 ќе се случи во Силиконската долина во аудиториумот „Стив Џобс“ во Купертино, Калифорнија. Други детали за демонстрацијата не се откриваат.

Претходно, се дозна дека „Епл“ треба да претстави три нови паметни телефон засилени со чипот А13, познат под кодното име „Цебу“. Кај новите телефони останува „лајтинг“ приклучокот кој нема да бидат модифициран со „УСБ-Ц“ приклучок како што се претпоставуваше, после таквата можност на новите модели на „Ајпад Про“ промовирани лани.

Сите три Ајфони ќе имаат иста резолуција на екранот како и трите претходници од серијата Ајфон Х.

Се очекува да се прикажат и други мобилни гаџети и стриминг сервисот „Епл ТВ“, кој беше објавен в март годинава. Сервисот ќе биде конкурент на другите слични американски компании како „Нетфликс“.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2019 00:34