Во САД денеска стапуваат во сила дополнителни царини од 15 проценти за кинеските артикли во вредност од повеќе милијарди долари.

Дополнителните 15 отсто царини се однесуваат на производи од секторот на прехрана, текстил и мебел во вредност од 300 милијарди долари, кои до сега беа поштедени од дополнителни царини.

Во март 2018 година американскиот претседател Доналд Трамп почна царинска војна со Кина настојувајќи да постигне трговски договор со кој би била прекината, според него нелојалната пракса, како што е принуден трансфер на американската технологија и масовните субвенции за кинеските државни фирми. Кина возврати и воведе дополнителни царини на вкупниот увоз од САД.

Преговорите за трговскиот договор помеѓу САД и Кина се во ќор сокак, но Трамп тврди дека се водат разговори помеѓу Вашингтон и Пекинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2019 11:27