Просветните работници од поширокиот дебарски регион, денеска со поддршка за предупредувачкот штрајк, што го организира Синдикатот за образование, наука и култура.

Основниците и средношколците кои дојдоа останаа во училиштните дворови, а наставниците во канцеларите,каде што претседателите на синдикалните органзации ги информраа дека од утре почнува редовната настава.

Во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше има седум основни и три средни општински училишта,каде според управите претходно превземени се сите потребни подготовки за нормално одвивање на наставно-воспитниот процес.

Што се однесува до запишаните ученици во прво одделение во трите општини вкупниот број е 183 што е за 25 првачиња помалку споредено со минатата учебна година.

При нашата посета на основно општинско училиште „Пенестиа" во Дебар, најголемо во регионот, родителите со кои разговаравме даваат целосна поддршка на штрајкот, но дел од нив, посебно на првачињата сметаат дека тоа би можело да биде друг ден, а не денешниот кој со посебна радост и нетрпение го очекувале нивните деца, кои првпат седнуваат во ученичка клупа.

Во ова училиште,според директорот Ајет Мулареџа запишани се 98 првачиња.

– Од вкупнот број за настава на македонски наставен јазик запишани се 26, што е за 8 првачиња помалку споредено со минатата учебна година, додека останата бројка од 72 ученика за настава на албански наставен јазик, што е на истото ниво како минатата учебна година,вели Мулареџа.

Инаку, во сите основни и средни училишта во трите општини бројот на запишаните ученици во прво одделение и во прва година е помал споредно со учебната 2018/2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 10:43