Осум воени бродови, четири борбени авиони и над илјада војници учествуваат во потедневните воени вежби во Тајландскиот Залив и Јужнокинеското Море.

Маневрите на воените морнарици на САД и десет земји од југоисточна Азија почнаа утрово од морнаричка база јужно од тајландското летувалиште Патаја.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео на регионалниот самит со 10 земји-членки на Здружението на држави од југоисточна Азија (АСЕАН) учествуваше заради промоција на „индо-пацифичката стратегија“ на претседателот Доналд Трамп.

Дел од експертите ги оценија вежбите како провокација за Кина додека води трговска војна со Вашингтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 12:23