На годинешниот филмски фестивал во Венеција, една од ѕвездите беше и заводливата италијанска глумица Моника Белучи.

Во долг, црвен фустан, таа зачекори на црвениот килим заради прикажувањето на нова верзија на филмот „Неповратно“ од 2002 година, каде што таа глуми заедно со поранешниот сопруг – францускиот глумец Винсен Касел.

Касел, исто така, се појави на црвениот килим и се ракуваше со поранешната сопруга. Моника, притоа се насмевнуваше, но цело време гледаше директно кон фотографите.

Тие двајца беа во брак од 1999 до 2013 година и имаат две ќерки – Дева и Леони.

Касел (52) во Венеција дојде со својата сегашна сопруга – 23 години помладата Тина Кунаки.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 12:53