Лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави денеска дека сака избори за да може неговата партија да го запре Брегзит без договор.
– Треба да се обединиме за да го запреме Брегзит без договор и оваа недела е нашата единствена шанса. А тогаш ни требаат општи избори, рече Корбин во Салфорд.
Според него, на овие избори лабуристите ќе преземат контрола и да го имаат последниот збор на јавно гласање со веродостојни опции од двете страни, вклучувајќи ја и опцијата Велика Британија да остане во ЕУ.
– Гласањето за недоверба е исто така на маса. Ако тоа е излез без договор, ние би гласале да останеме, и ако е во прашање друг договор, тогаш демократските процеси на нашата партија ќе одлучат каква позиција ќе заземеме, рече Корбин.