Потпретседателот на САД, Мајк Пенс денеска изјави во Варшава дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Украина.

– Разговарав во претседателот (Володимир) Зеленски за поддршката на Америка за Украина и за претстојната одлука на (Доналд) Трамп. Од моментот на нелегалната руска агресија САД посебно ја поддржуваат Украина. Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет, истакна Пенс на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Пенс посочи и дека Русија се обидува да предизвика поделби помеѓу сојузниците.

– Русите и понатаму нелегално окупираат големи области на Грузија и Украина. Настојуваат да го поделат нашиот сојуз користејќи ги своите резерви на нафта и гас. И покрај провокациите никогаш нема да има раздор помеѓу Полска и САД. Ние не сме само сојузници, ние сме се семејство, истакна Пенс.

Додека полскиот претседател се спротивстави на инсистирањето на Трамп Русија да се вклучи во Г-7.

– Тоа што се случи во Грузија и Украина не смееше да се случи никаде во Европа, посочи Дуда.

Пенс и Дуда разговараа и за зголемување на американското воено присуство во Полска.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 21:38