Британскиот премиер Борис Џонсон има намера да распише предвремени избори поради Брегзит ако Парламентот и нанесе пораз на Владата поради планот на премиерот за напуштање на Велика Британија од Европската унија, објави Сан.

Според весникот, Џонсон може да распише избори в среда и сака тие да се одржат пред средбата на врвот на ЕУ, предвидена за 17 октомври.

Претходно, првиот министер на Шкотска Никола Старџен изјави дека поддржува распишување избори во Британија пред планираниот Брегзит за 31 октомври.

Џонсон закажа седница на Кабинетот за попладнево на која може да побара од пратениците да гласаат за распишување избори доколку гласаат против неговата влада заради Брегзит, изјави политичкиот уредник на Би-Би-Си, Лора Кунсберг.

– Владината седница е закажана за попладне. Реалната можност сега е дека Џонсон би можел да го одложи предлогот и да ги замоли пратениците да гласаат за избори оваа недела. Ова ќе се случи ако опозицијата усвои закон, секако не ако изгубат, рече таа.

Портпаролот на Борис Џонсон претходно денеска изјави дека би било целосно неразумно британските пратеници да ја отфрлат „раката“ на премиерот, додека тој се обидува да преговара за нов договор со ЕУ.

Опозициските партии и пратениците на Конзервативната партија кои не се согласуваат со политиките на Џонсон имаат намера да ја принудат Владата да побара од Брисел да го продолжи рокот за Брегзит, откако пратениците ќе се вратат од одмор на 3 септември.

Портпаролот додаде и дека премиерот работел со голема посветеност да обезбеди договор со ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 21:52