Русија и Иран планираат заеднички воени вежби во Индискиот Океан, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавид Зариф.

Зариф претходно денеска, по разговорот со рускиот колега Сергеј Лавров, изјави дека Техеран ја поздравува иницијативата на Русија за воспоставување безбедност во Персискиот Залив.

Тој предводи висока иранска делегација, која вчера пристигна во Москва, на разговори за Договорот за нуклеарна програма со Иран, но и за ситуацијата во Персискиот Залив, Сирија, Авганистан и Јемен, Израел и Либан.

Двете страни се очекува да разговараат за соработката во областа на економијата, трговијата, енергетиката, транспортот и културата.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 21:56