Познатиот египетски град Александрија, кој преживеал инвазии, пожари и земјотреси, откако е основан пред повеќе од 2.000 години од Александар Македонски, почна да тоне како резултат на климатските промени.
Нивото на морето се зголемува и се заканува дека ќе ги поплави посиромашните делови на градот и археолошките места, поради што градските власти брзо подигнуваат бетонски sидови.
Силно невреме ги поплави големите делови на градот во 2015 година, предизвикувајќи најмалку шест смртни случаи и уривање на десетици домови, што покажа слабости во локалната инфраструктура.
Александрија, вториот по големина град во Египет, е опкружена од три страни со Средоземното Море, а од четвртата е кон езеро, што го прави исклучително чувствително на пораст на морското ниво, предизвикано од глобалното затоплување и топење на глечерите.
Александрија е една од најпопуларните летни дестинации за Египќаните, но многу од нејзините познати плажи веќе покажуваат знаци на ерозија.
Египетското Министерство за водни ресурси предупреди дека нивото на морето се зголемило за 1,8 милиметри годишно од 1993 година, за 2,1 милиметри во изминатите две децении, а за 3,2 милиметри годишно од 2012 година, доволно за ги загрозува темелите на градот.
Земјата на која е изградена Александрија, заедно со делтата на Нил што го опкружува, тоне со скоро исто темпо, делумно заради насипи што спречуваат да се наполни со талог, а делумно и заради екстракција на природен гас.
Тоа се проценува дека ги влошува ефектите од зголемувањето на нивото на морето, што ќе има катастрофални последици.
Една студија за 2018 година предвидува дека до 734 квадратни километри од Делта на Нил може да се потонат до 2050 година, а 2.660 квадратни километри до крајот на векот, што би погодило 5,7 милиони луѓе.
Погодени се и археолошките места на Александрија кои ја преживеале бурната историја.
Александрискиот Светилник, некогаш една од највисоките структури направени од човекот и едно од седумте светски чуда на античкиот свет, беше урнат во земјотрес од 14 век.
Познатата библиотека во Александрија била запалена до темел кога Јулиј Цезар запалил оган да ја одврати непријателската флота во 48 година п.н.е. Сепак, Катбеј, средновековна тврдина изградена на урнатините на светилникот на крајот на тесниот полуостров, се уште е над централното пристаниште, покрај модерната библиотека на Александрија, истражувачки центар основана во 2002 година.
Ашур Абдел Карим, раководител на Централната агенција за заштита на крајбрежјето, вели дека тврдината е особено ранлива затоа што моќните бранови и струи пробиле низ темелите, поради што властите поставиле долга линија бетонски бариери. „Египетската влада, која се бори да ја обнови својата економија по Арапската пролет, издвои повеќе од 120 милиони долари за бариери и други мерки на заштита на крајбрежјето”, рече Абдел Карим.