Во шкотското езеро Лох Нес утврдено е присуство на многу траги од јагули, насекаде низ подводната површина. Но, нема поголеми животни, како диносауруси, на пример, тврди професорот Нил Гемел, од новозеландскиот Универзитет Отаго.
Па така, новата претпоставка на научниците е дека светски познатото „чудовиште од Лох Нес“, веројатно, е поголема јагула. Примероците се земени минатата година во јуни.
– Јагулите се многу застапени во системот на Лох Нес… Во секое место од каде што земавме примерок, имаше многу траги од ова животно, рече Гемел.
Најпознатата слика на славната „Неси” е онаа од 1934 година, каде што ѝ се гледа главата и долгиот врат како ѕиркаат над водата.