Најпознатиот синџир кафетерии во светот, Старбакс во Чикаго, Илиноис, САД, ќе го отвори својот досега најголем објект. Комплексот ќе се простира на 43.000 квадратни метри.

Ресторанот ќе биде свеечено пуштен во употреба на 15 ноември и со тоа „ветровитиот град” ќе го потисне Токио како град со најголем Старбакс угостителски објект. Оној во Чикаго ќе биде своевидна туристичка атракција, а во понудата ќе има и специјални кафиња и чаеви.

Покрај тоа, ќе има и коктел-барови и одреден посебен избор на храна.

Работата на новиот Старбакс објект започна 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2019 12:19