Дејзи-Меј Димитер вчера стана првото дете модел кое прошета по модна писта со две вештачки нозе. Таа е учесник на Њујоршката модна недела.

– Многу сум горда на себе!, изјави накусо деветгодишната манекенка.

Димитер е петтоодделенка од Бирмингем, Англија. Родена е со ретка болест поради којашто двете нозе морало да ѝ бидат ампутирани. Сега се движи со помош на ортопедски протези.

Нејзин сон е да биде супермодел.

Во Њујорк, девојчето го претставува брендот „Лулу ет Жижи“. Таа ќе се појави и на Париската модна недела подоцна овој месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2019 20:36