Тренерот на Валенсија, Марселино Гарсија Торал беше отпуштен од работа.

Причината за разделбата не е соопштена, но според шпанскиот печат, одлуката е на претседателот на клубот, Питер Лим, поради конфликт меѓу двајцата и мешање на сопственикот во спортските и техничките работи на клубот.

Марселињо беше на чело на Валенсија од 2017 година, откако двапати ги рангираше „лилјаците“ во Лигата на шампионите, а го освои и Купот на Шпанија минатата сезона.

Поранешниот тренер на младинската репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес, се очекува да ја предводи Валенсија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2019 21:57