Промотивната кампања на Huawei во рамките на која може да добиете до 50% попуст за замена на дисплеј за одредени модели телефони, трае до 14 септември 2019 година.
Сите оние што изгребаниот дисплеј од својот Huawei мобилен телефон ќе го сменат за време на кампањата ќедобијат попуст од1.300 денариза сервисна услуга вон гаранциска поправка, а кога ќе биде завршена поправката ќе добијат и бесплатен заштитник за екранот.
Изгребан екран, скршена батерија или оштетен слот за батерии - ова се само некои од проблемите со кои корисниците на паметни телефони се соочуваат секојдневно.
Најголем број од корисниците, посебно по летните одмори се соочуваат со скршен или изгребан дисплеј на својот телефон. Оваа честа појава како оштетување на мобилниот телефон е поврзана со стравот деке при поправката ќе ги изгубат податоците. Ова го потврдува и истражувањето, според кое дури 63% од сопствениците на паметни телефони признаваат дека најмногу имаат страв одможно кршење на екранот и истекување на податоците. Дури и поголем е процентот, 92% од луѓето кои го замениа расипаниот дисплеј, а беа незадоволни и сметаа дека цената е премногу висока.
Сепак, ова не важи за корисниците на Huawei паметни телефони, за кои специјална понуда Huawei Cares е достапна од 31 декември, 2019 година.Huawei во насока на заштита на своите корисници квалитетот на услугата кон клиентите го става како свој врвен приоритет. Затоа ја создаде кампањата Huawei Cares и ја пласира под мотото „Повеќе грижа за тебе“. Целта на кампањата е да им помогне на корисниците да ги максимизираат различните видови проблеми. За време на поправката во сервисните центри на Huawei, режимот за одржување, кој можете да го активирате преку вашата апликација HiCare, постојано е вклучен, така што не треба да се грижите за безбедноста на вашите лични податоци.
Клиентите знаат колку се важни паметните телефони во нивните животи - овие уреди се еден вид медиум што им овозможува на своите корисници да одржуваат контакт со роднините или пријателите низ целиот свет, а исто така тие служат и како алатка за работа или за забава. Многу често го заменуваат компјутерскиот монитор или ТВ - што објаснува зошто големината на екран е зголемува, а квалитетите се подобруваат.
Дури и најсофистицираниот паметен телефон може да страда од несреќа. Многумина од нас веќе искусија кршење на екранот и се свесни за тоа како изгледа процесот на санирање и колку чини. Многу пати, бараме помош во помали сервисни точки, меѓутоа, ова не е секогаш добра идеја. Многу често, на таквите места има недостаток на професионална опрема како и пристап до соодветни, оригинални делови. Затоа Huawei ги исполнува очекувањата на своите потрошувачи кои имаат потреба и им обезбедува Huawei Cares.
Препуштањето на состојбата на вашиот паметен телефон во погрешни раце е голем ризик. Секоја поправка на паметен телефон каде што се складирани многу лични и професионални податоци бара висок степен на доверба. Силно се препорачува да го носите вашиот уред во овластен сервисен центар, бидејќи тогаш ќе можете да бидете сигурни дека специјалистите ги имаат потребните вештини и дека сервисот ги има потребните квалитетни делови со кои може да се реши вашиот проблем.
За полесно решавање на сите проблеми со мобилните телефони, овластениот сервисен центар на Huawei е достапен на телефонскиот број 00389 23111110, а се наоѓа на бул. „Борис Трајковски“ бр.72 во Скопје. Таму, секој може да добие совет или помош за својот Huawei уред секој работен ден од 8 до 16 часот. Покрај тоа, овластениот сервисен центар на Huaweiнуди 24 часовна грижа за корисниците во поглед на поддршка или помош на телефонската линија 0800 55 550.