Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е уверен дека неговиот тим ќе оди само нагоре.

– Не сум загрижен од тоа дека правиме грешки. Да, треба да се подобриме и ќе успееме. Знам дека ќе даваме повеќе, а ќе примаме помалку голови. Второто полувреме беше потешко, особено на почетокот. Кога вашиот противник постигнува рано гол, тешко е. Сепак, не сакам да барам оправдувања. Касемиро не можеше да продолжи, но заради замор. Серхио (Рамос) имаше благи проблеми со мускулите. Имавме доволно позиции за да постигнеме повеќе голови – четири или повеќе, рече Зизу по денешната победа од 3-2 над Леванте.

Во однос на Бензема, тој порача да продолжи на ист начин.

– Ние сме многу задоволни што го гледаме ваков. Денес видовме како публиката му аплаудира. Азар? Кога ќе ја допре топката, тој создава опасност за противникот. Му недостасува пракса. Тој има направено само четири тренинзи со тимот, додаде Зидан.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2019 17:40