Иако со прекрасни ножички во 92-тата минута го постигна единствениот гол на натпреварот помеѓу ПСЖ и Стразбур, напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар беше исвиркуван од страна на навивачите во текот на целиот натпревар.

После овие непријатни сцени, бразилецот излезе со свој коментар потенцирајќи дека нема ништо против навивачите но и дека засега останува играч на ПСЖ и ќе даде се од себе на теренот.

– Ги разбирам фановите и знам дека им е тешко. Сега, сепак, јас сум играч на ПСЖ. Не, немам специфична порака за обожавателите. Навикнав да ми се суди низ целата моја кариера. Навредливо е, но немам ништо против навивачите. Сите знаеја дека сакам да го напуштам ПСЖ. Го кажав тоа и можам да го повторам. Не сакам да навлегувам во детали. Оваа страница е веќе свртена. Јас сум играч на ПСЖ и ќе дадам се од себе на теренот, изјави Нејмар по дуелот во Париз.

Нејмар постигна уште еден гол во финишот на натпреварот, но голот беше поништен поради офсајд.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2019 17:46