„Калчомеркато” пренесува дека тренерот на Монако, Леонардо Жардим, после стартот на француското првенство може да биде сменет по само пет одиграни кола.

Лошиот старт, како и последниот пораз од Олимпик Марсеј на домашен терен кои Монако го загубија со 4:3 предизвика револт кај сопствениците на тимот од Кнежеството и ги натера да размислуваат на кормилото да го доведат поранешниот тренер на Интер, Лучијано Спалети кој ги напушти нероаѕурите на крајот од минатата сезона.

Од можните 15 бода, играчите на Монако успеаја да освојат само 2 и моментално се наоѓаат на дното од табелата.

Инаку, Жардим беше отпуштен од Монако минатата сезона, но само за кратко, бидејќи брзо се врати на кормилот на Монако, заменувајќи го Тиери Анри.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2019 15:38