Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, до пред две сезони беше омилен лик кај фановите на Наполи, а сега е најомразена личност за која мислат дека ги предала.

Колку го мразат Сари, наполитанците покажаа и со тоа што на некои места во градот се продава тоалетна хартија со неговиот лик, и испишани погрдни зборови.

Инаку, не е само Сари, во Неапол никого не сакаат освен нивниот тим. Па така, има и тоалети со амблемите на нивните италијански ривали Јувентус, Интер, Милан, Фиорентина, Палермо, но и други, како на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2019 20:37