Тренерот на Интер, Антонио Конте, по нерешените 1:1 со Славија во 1. коло од Лигата на шампионите, ја презеде одговорноста за неуспехот.

Според него, тимот не играл ист фудбал како што сака да го види.

- Не сакам да издвојувам индивидуални играчи, сите ние дејствувавме под нашето ниво, вклучувајќи ме и мене. Главната одговорност е врз мене, затоа што не можев да им објаснам на играчите како треба да дејствуваат на теренот. Користевме исклучително долги додавања, а не вид на фудбал што сакам да го видам.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 12:04