Раководството на Милан реши да не го казнува играчот од средниот ред Лукас Пакета за изнесените во јавност несогласувања со тренерот Марко Џампаоло.

Тренерот му порача на Пакета дека понекогаш треба да биде „помалку Бразилец“ отколку што е.

Фудбалерот како одговор на социјалните мрежи објави фотографија со наслов: „Горд Бразилец“.

Според „А Бола“, Пакета и Џампаоло разговарале за ситуацијата и ги смириле тензиите.

Претходно, агентот на играчот рече дека неговиот клиент е подготвен да плати парична казна доколку е потребно.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 13:06