Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на иранската влада ќе и бидат воведени нови „значајни“ санкции. Тоа е прв одговор на Вашингтон за нападите врз рафинериите за нафта во Саудиска Арабија, за кои кабинетот на претседателот го обвинува Техеран.

– Само што му наложив на министерот за економија значително да ги зголеми санкциите кон државата Иран, објави Трамп на Твитер.

Соединетите држави веќе имаат воведено широки санкции за Техеран, што предизвикуваат сериозни штети на економијата на Блискиот исток, вклучително и оние кои имаат за цел извоз на нафта во Иран.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 16:26