Со 546 гласа за, 12 против и 94 воздржани, европските пратеници се изјаснија за резолуција со која остро се осудува насилството и прогонот на Рохингите, муслиманското малцинство во Бурма.

Пратениците ја повикаа владата на Анг Сан Су Чи, некогашна хероина на отпорот против режимот на Мјанмар и добитничка на Нобеловата награда за мир, а сега премиерка на државата, веднаш да им стави крај на масакрите и силувањата на кои се жртва Рохингите.

Европарламентот во својата резолуција бара веднаш да им се даде целосен пристап на меѓународните набљудувачи за да можат да се спроведат транспарентни истраги за нарушувањето на човековите права во Бурма.

-Властите во Бурма мораат да ги признаат Рохингите како целосни државјани, вклучително и уставни права кои произлегуваат од тоа.

Рохингите се мета на прогон и насилство со години од страна на властите во Бурма. За Обединетите Нации станува збор за геноцид и воени злосторства.

Европскиот Парламент под итно бара од властите да им обезбедат право на раселените Муслимани Бурма да се вратат во својата земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2019 09:45