Инсект на Нов Зеланд е именуван по ликот Фродо Багинс од приказната „Господарот на прстените“. Поточно, името на новооткриените растителни вошки е Psylla frodobagginsi.
Како што истакнуваат пронаоѓачите, инсектот е долг не повеќе од два милиметра и потекнува од Нов Зеланд. Сѐ тоа потсетува на познатиот хобит – човек со мал раст од сагата на Џ.Р.Р. Толкин и на филмскиот серијал којшто беше снимен токму на Нов Зеланд.
Откритието е тема на докторатот на истражувачот Франческо Мартони, кој заедно со д-р Карен Армстронг од Линколн универзитетот, успеалe да дефинираат два вида вошки собрани од 21 локација на Јужниот Остров од земјата.
Вошките фродобагинси не се првиот новооткриен вид именуван по лик од приказната. Во овој список од претходно се наоѓаат осата Леголасија (Legolasia), рибата Aenigmachanna gollum, пајакот Саурон (Sauron) и полжавот Смигол (Smeagal).