Бијонсе веќе неколку години води правна битка околу името на нејзината ќерка Блу Ајви. А, сега се појавија и документи во коишто Бијонсе го прогласила сега седумгодишното девојче за „културна икона“, со цел – да го заштити нејзиното име, односно никој друг да нема право да го користи како бренд.
Меѓутоа, заплетот настана кога Венди Моралес, сопственик на компанија за организирање свадби, се спртивстави, оти нејзината фирма се вика и се викала „Блу Ајви“ долго пред да се роди девојчето. Бијонсе ја поведе постапката 2012 година, но по сѐ, изгледа нема да може да го заштити името на ќерка ѝ на тој начин.
Сепак, во некои судски документи сега се гледа дека Бијонсе не сака да го заштити името „Блу Ајви“, туку „Блу Ајви Картер“, сосе презимето.
– Тврдењата на Моралес дека клиентите ќе ги мешаат фирмата за организирање свадби и „Блу Ајви Картер“, ќерка на двајца познати светски изведувачи, се несериозни и треба да бидат отфрлени, се вели во изјава на пејачката во судските записи.