По барање на Хафингтон пост, Latergramme кој всушност претставува сервис кој им овозможува на корисниците да управуваат и да ги распоредуваат своите инстаграм постови, направи анализа на над 61.000 постови како би се утврдило кои фотографии добиле најмногу коментари и лајкови.
Анализата покажала дека 02:00 часот по полноќ и 17:00 часот се најдобри тајминзи за објавување на вашите слики доколку сакате постот да има најголем ефект кај вашите следбеници. Среда како ден од неделата е најдобар ден за објава на инстаграм, но значајно е да се спомене дека овој ден не отскокнува многу од останатите денови во неделата и ако се наоѓа на првото место за идеално време за објава на инстаграм.
Мет Смит основачот на сервисот, смета дека 17:00 часот попладне е најдобро време за објава на инстраграм пост бидејќи според него, најмалку од корисниците објавуваат во тоа време а се поголем е бројот на активни корисници кои се приклучуваат на инстраграм во тој период од денот. Најлоши периоди од денот пак се 09:00 часот наутро и 18:00 часот попладне.