Дизајнерот Пол Хеберт сакал да дознае кои бои се користат најчесто на интернет т.е. кои бои се користат најчесто на најпопуларните интернет страни, па направил анализа за да го дознае одговорот.
Хеберт изработил скрипта која ги анализирала десетте најпопуларни интернет страници врз основа на рангирањето на Алекса, односно боите на десетте најпопуларни интернет страни.
Првичните резултати од анализата покажале дека најчесто користена боја на најпопуларните страни е плавата боја. Оваа боја се користи двапати повеќе одколку жолтата и црвената боја а дури три пати повеќе од зелената боја. Доста популарна боја е и тиркизната боја па затоа ја ставил како посебна категорија. Тиркизната боја е застапена скоро исто како црвената и жолтата, додека втора по застапеност е сивата боја.
Дизајнерот Хеберт својата анализа ќе ја прошири на 100 најпопуларни интернет страни.