Претседателот на комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом на САД, Адам Шиф ја оквалификува како „многу вистинита“ жалбата на анонимниот претставник на разузнавањето.

Комисиите за разузнавање во двата дома на Конгресот ја разгледаа синоќа жалбата до која шефот на националното разузнавање Џозеф Мегваер не им даваше достап неколку недели со аргумент дека прашањето не е итно.

Таа се однесува на делови од контакти на претседателот на САД, Доналд Трамп и украинскиот шеф на државата Володимир Зеленски. Белата куќа објави стенограм од разговор од јули меѓу нив двајца во кој Трамп бара од Зеленски да спроведе истрага против неговиот политички соперник Џо Бајден и неговото семејство.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 12:27