Светските поп-ѕвезди Џенифер Лопез и Шакира годинава ќе ја забавуваат публиката на полувремето на „Супербоул“ финалето во американско рагби. Двете тоа го потврдија на Твитер.

– Ништо не може да е поголемо од ова. Едвај чекам да настапам на „Супербоул“, напиша Шакирана својот Твитер профил.

Шоуто ќе вклучува кус музички настап и интервју со двете пејачки.

Финалето во американско рагби ќе се одигра на 2 февруаи на стадионот Хард рок во Мајами, Флорида.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2019 11:07