Противниците на нуклеарната енергија, поточно на закопувањето на нуклеарниот отпад во Бур, денеска демонстрираат во Нанси под силен полициски надзор, јави дописникот на МИА.

Според префектурата, на демонстрациите има околу 1.500 демонстранти на улиците на Нанси, кои одговорија на повикот на колективниот Вент де Бур (Ветерот од Бур), антинуклеарно здружение, на кое му се придружија непоканети црните блокови.

Наспроти нив се мобилизирани големи безбедносни сили, околу 500 нивни припадници и жандармериски хеликоптер кој го надлетува градот.

Голем број продавници и банки во центарот на Нанси ги спуштија металните завеси или пак ги забарикадираа излозите, во стравувања од можни судири и насилнички испади.

Нанси е избран како место за демонстрации, бидејќи тука се судат сите случаи поврзани со Бур.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 20:41